Почетна Вести Муслимански проповедник од БиХ осуден на 20 години затвор во Грац
Муслимански проповедник од БиХ осуден на 20 години затвор во Грац

Муслимански проповедник од БиХ осуден на 20 години затвор во Грац

154
0

Муслиманскиот проповедник Ебу Тејма, по потекло од БиХ е осуден на 20 години затвор поради припадност на терористичка организација и регрутирање на млади борци за групацијата Исламска држава.

ebu tejmaЈавниот обвинител изјави дека 34-годишниот Тејма „им ги испрал мозоците“ на десетици лица на возраст меѓу 14 и 30 години и оти регрутирал голем број од нив за џихадистичката организација во Сирија.

Обвинителството тврди дека Тејма ја напуштил БиХ и дошол во Виена по распадот на поранешна Југославија, каде проповедал во разни австриски и јужногермански градови и станал клучна фигура за поттикнување на пропагандата на ИД.

Тој е уапсен за време на пресметката меѓу полицијата со австриската џихадистичка мрежа во 2014 година.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *