Муслиманка ја тужи полицијата во Калифорнија за насилно симнување на нејзината бурка

Date:

Share post:

Muslimanka sadМуслиманка од САД поднела тужба во судот во Калифорнија против полицајци затоа што насилно и ја симнале бурката, откако ја уапсиле, пренесува БГНЕС.

Кирсти Пауел и нејзиниот сопруг биле запрени, додека патувале во автомобил. Жената била уапсена во врска со два активни случаи, едниот поврзано со нејзината сестра, од која го презела идентитетот, а другиот случај за кражба во продавница во 2002 година.

Кирсти Пауел, се пожалила дека еден од полицајците и ја симнал насила бурката од нејзиното лице пред другите полицајци кои биле мажи. Тој и рекол дека нема право да носи бурка и дека полицајците имаат право да допираат жени. Таа во тужбата навела дека тоа и предизвикало голем срам, понижување, вознемиреност и емоционален стрес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img