Почетна Анализа МПЦ-ОА во медиумите и предизвиците за потребата од професионализација на односите со јавност
МПЦ-ОА во медиумите и предизвиците за потребата од професионализација на односите со јавност

МПЦ-ОА во медиумите и предизвиците за потребата од професионализација на односите со јавност

239
0

Црквата, или општо верските институции и медиумите, ако се разгледуваат низ призмата на приоритетите, во основа се поприлично спротивставени едни на други. Религијата како религија ја има мистиката и таинственоста како општа перцепција кај јавноста, наспроти медиумите опседнати од желбата за демистификација, откривање на тајновитоста, пласирање на што повеќе сензација на дофат на јавноста.

Но, ако се анализраат темелните постулати, барем на Христијанството, како што е основата на пораката на Христос до Апостолите, „Одете и пропведајте го евангелието, учете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот Синот и Светиот Дух“, тогаш се чини дека оваа мисија, особено во денешниот современ свет, а верувам и во историјата, воопшто не е лесно изводлива ако не постојат посредници, гласници или преведено на речникот на кој сега зборуваме, медиуми.

Медиумите денеска нудат многу повеќе простор, многу побрз пренос на информации, многу подиректна комуникација, што овзможува и драматиично пораспоростратено ширње на црквоното учење.

Но, како да ги разбереме денес медиумите и односот на Црквата кон нив?

Ако се оди од крајност во крајност, тогаш поделбата би била на три можни црковни погледи кон медиумите.

Првиот црковен поглен е на медиумите да се гледа како на Боженство.

Тоа е поглед кој создава апсолутизација и кој на медиумите им препишува религиска одговорност да бидат промотори на Словото Божјо, односно во нивните исвестувања да се акцентира само црковниот и весрки инстерес, како средство за верска доминација, без никакво право на преиспитување на активностите, или функционирањето на верските институции.

Вториот црковнен светоглед е сосоема спротивност на првиот и може да се дефинира како Демонизиација.

Самиот збор укажува на тоа дека медиумите од Црквата се дефинираат како демонски средства, извор на лошите духови, кои имаат да цел да ја демостифицираат Црквата, а на тој начин и да ја уништат црковната вистина. Колку посовремени медиуми, толку понапреднато зло, против кое треба да се бори црквата.

И третиот црковен светоглед за медиумите, јас би го дефинирал како Дар од Бога.

Тоа значи дека, како се што носи современиот предизвик на светот, така и медиумите се нешто што е подарено од Бог. Како ќе се користи, е одлука на црковните институции како успеале да се понесат во одредено време и простор. Дар од Бога, би значел пристап за добро користење на медиумите,  средство за добро организирање во општеството и нивно користење како противтежа на можна нивна зоупотреба контра Црквата и црковнте учења

Како изгледа медиумската застапеност на МПЦ-ОА во мас медиумите?

Честопати кога зборуваме за односите на медиумите и Црквата, базично е да се анализира застапеноста на Црквата во медиумите, аспектите на интерес на јавноста, кои и каков тип на информации се пласираат.

Кога станува збор за застапеноста на МПЦ-ОА во медиумите во Македонија, генерално можат да се дефинираат четири аспекти на застапеност

-ПРОТОКОЛАРНИ

(Одбележување на верски празници, поголеми активности на МПЦ-ОА, Верски празници со дневен краток опис)

-ЦРКОВНОТО ПРАШАЊЕ ВО ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТ

(Спорадични известувања во одредени периоди)

-НЕЗГОДНИ СИТУАЦИИ

(Настани во кои на еден, или на друг начин, МПЦ-ОА, или претставници на Црквата се вклучени или поврзани, претежно известувања на кои им се дава акцент на скандали, тајност, одговорност, политички контекст, односи во реалција со државата или други политички и општетстевни контексти)

-ПАРЦИЈАЛНИ ПРИМЕРИ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

(Ова е еден вид на застапеност во медиумските известувања што се појавува последните неколку години и претставува известувања за хумани, хуманитарни и општествено одговорни активности. Најчесто поврзани со конкретни настани, или личности од црквата)

Каков е фудбекот на јавноста, кој е предизвикувачки интерес за јавноста од овој тип на известувања?

Првата категорија на настани (Протоколарни) опфаќа масовно известување пред и за време на настаните, најчесто со веќе познат формат и содржина на медиунски написи, и со речиси едноличност на претставници на МПЦ-ОА во доминација во медиумите. Има висок процент на влијание во јавноста, но едноставно како општо прифатени состојби. Известувања по веќе воспоставен ред и шаблон, без некои драматични новитети.

Втората категорија на настани (Црковното прашање во православниот свет) опфаќа спорадични известувања, кои во македонските медиуми најчесто се појавуваат како реакција на веќе објавени информации, или изјави на претставници на Црквите поврзани со ова прашање. Прилично интрересна тема за јавноста, која предизвикива многу поголем ингерес за јавноста од првата категорија известувања. Честопати обременета со сензитивни и чувствутелни елементи. Темата обично се појавува во одредени временски периоди и во јавноста се задржува краток временски период. Затвореноста за информации по ова прашање од страна на официјалните претставници на МПЦ-ОА ја прави дополнително продуктивна за шпекулативни известувања на медиумите, иако станува збор за прилично одговорна тема.

Третата категорија на известувања (Незгодни ситуации) вслушност е онаа што прдизвикува најголем импакт кај јавноста и има најголем интерес за следење. Тоа се настани кои, на еден или на друг начин, се испреплетени со политички, општествени контексти, на кои медински им се дава тежина со тоа што се акцентира улогата на црквата, или на црковни претставници, најчесто во негативен контекст. Искуството покажува дека МПЦ-ОА во вакви ситуации најчесто не успева да се носи и токму од овие написи таа најчесто губи во јавноста.  Затвореноста, недостапноста за информации, неуспешноста да се објасни контекстот, е сериозен предизвик за МПЦ-ОА.

Четврттата категорија на известувања(Парцијални примери на општествена одговорност) има пак сосема спротивен фидбек и одек во јавноста. Станува збор за медиумски написи кои ја јакнат довербата кај јавноста, имаат пролично висок степен на интерес кај јавноста и речиси во 100 проценти кај пубилката предизвикуваат симпатии и одобрување од јавноста. Но, за потенцирање е дека јавноста на таквите настани гледа како на працијални идеи на поединци од црквата.

Оваа анализа ја покажува генералната слика на медиунски известувања, иако постојат и други примери на друг вид на известувања во одредени медиуми.

КОНЦЕПТ – МОЖЕ ЛИ ПОДОБРО?

Како во моментов комуницира МПЦ-ОА со јавноста преку медиумите?

Комуникацијата на Македонската православна црква со јавноста и со медиумите е сконцентрирана преку неколку начини.

Постои официјална интернет страница на МПЦ-ОА, како и поединечни интернет страници на Ерпрхиите и неколку интернет страници на поединечни манастири и на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“. Неколку фејсбук профили, претежно на лица од Црквата.

Има еден портпарол, тоа е Митрополитот г. Тимотеј, како Синодски портпарол, задолжен за информирање на јавноста за работата на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. Се што е надвор од делокругот на работа на Синодот, владиката Тимотеј не е задолжен за информирање на јавноста.

Паралелно, во јавноста се појавуваат и неколку имиња на свештеници, или дел од владиците на МПЦ-ОА, преку интервјуа и изјави во јавноста.

Официјалните интернет страници на МПЦ-ОА и на епархиите, претежно се информативни медиуми на кои се споделуваат настани од доменот на црковните активности, најчесто литургии и служби, со многу кратки и основни податоци, пропратени со фотографии од настаните.

Фејсбук профилите се исто така со претежно информативен карактер, иако можат да се издвојат неколку лични Фејсбук профили на свештеници и еден Владика, кои имаа поширок опфат на информации и поспецифичен начин за комуникација со јавноста.

Претсавниците на МПЦ-ОА во медиумите најчесто се зстапени во период кога се слават големи верски празници, кои сами по себе се доминантни, а со тоа и неминовно застапени во медиумите.

За разлика од МПЦ-ОА, искуствата на најголем дел од останатите православни цркви се сосема поинакови кога станува збор за комуникацијата со јавноста и со мас медиумите. Големите цркви, како Руската, Романската, Вселенската, Грчката имаат далеку порезвиен концепт за односи со јавност, со специјализирани оддели.

За полесно и побрзо да допре до луѓето, најголем дел од овие цркви не се потпираат само на соработка со традиционалните секуларни медиуми, туку имаат развиено и свои претежно електронски медиуми. Српската православна црква на пример има основано цела телевизија со комплетна функционалност на медиум.

КОЈ МОДЕЛ Е НАЈСООДВЕТЕН?

Оваа анализа има за цел да детектира каков модел на комуникација со медиуните и јавноста може да биде најсоодветен, конкретно за МПЦ-ОА. Во основа она што може да се дефинира како успешен модел е секако комбинација на искуствата. Тоа е соработка со секуларните медиуми на професионално ниво и развој на сопствени медиуми за брза и широка комуникација со верниците и со граѓаните.

Иако искуствата покажуваат дека во црковните кругови често постои незадоволство од начинот на кој медиумите известуваат за активностите на Црквата, сепак тоа е дополнителен мотив за да се зајакне интеракцијата на Црквата и секуларните медиуми на постулат на взаемна одговорност.

Информациите доставени до новинарот и пренесени од него до јавноста мора да бидат веродостојни. Ставовите на свештенството, или другите претставници на Црквата, распространети преку медиумите, мора да бидат во согласност со нејзините учења и ставови за јавните прашања.

Тоа е темелен постулат на кој може да се гради соработка и доверба.

Од друга страна, анализите на општата состојба покажуваат еден заеднички именител и кога станува збор за односот на претстевниците на Црквата кон медиумите и новинарите и обратно кога станува збор за одност на медиумите и новинарите кон Црквата.

Ако за дел од свештенството новинарите/медиумите не се секогаш доволно информирани за специфичноста на работата на црквата, од друга страна новинарите/медиумите најчесто сметаат дека Црквата не ја разбира улогата на медиумите и јазикот на кој зборува Црквата е несоодветен за јавноста и недоволно транспарентен.

Тој јаз во погледите води кон потребата од заедничка зголемена комуникација, секако проследена во развојни фази.

Кога зборуваме за комбиниран модел на комуникација, тогаш тој подразбира посериозна темелна реформа на Црквата во комуникацијата со јавноста.

Прво е фокусирање на потребата од создавање професионален оддел за односи со јавност на ниво на Црква, кој во себе ќе ги обединува црковните институции, од епархиите, преку образовните институции, па се до раководењето на црковните медиуми.

Одделот за односи со јавност треба да биде комбинација од професионални лица и од луѓе од црквата, кои заеднчки ќе градат комуникација пред се со секуларните медиуми, но и можност за брз одговор на барањата од медиумите за секој тип на прашња и од која било сфера на функционирањето на црквата.

Втората компонента на професионален оддел за односи со јавност е развој на свои црковни медиуми, почнувајќи од електронски медиуми, па се до медиуми на ниво на телевизија или радио.

Третиот аспект во развојната фаза е градење на стратегија на годишно ниво за комуникација со медиумите и обука на претставници на црквата за јавен настап пред медиумите.

Последниот аспект е можеби најважен, но и најсложен.

Искуството изминативе десетина години покажува дека во редакциите во медиумите има недостаток на новинарски кадар што работи на следење на функционирањето на верските заедници. Тоа е јасен повод да се изгради здрав дијалог за да се поттикнат редакциите и новинарите да почнат да работат на специјализирање во известувањето во насока на своја едукација. Но од друга страна и потребата на самите верски заедници да изградат здрав и транспарентен однос кон медиумите и јакнење на нивните капацитети за комуникација со јавноста.

Во свет на лесно достапни лажни вести преку социјалните мрежи, одговорноста за вистината на веродостојната информација е подеднаква и за Црквата  и за медиумите.

Пишува: Марјан Николовски

(Анализата презентирана на промоцијата на пректот Мониторинг на православното културно наследство што ќе го спроведува Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, а финансиран од Амбасадата на САД)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *