Почетна Вести Мостар: Ифтар во православната црква
Мостар: Ифтар во православната црква

Мостар: Ифтар во православната црква

357
0

mostar crkva 2Секојдневниот живот во Босна и Херцеговина честопати ја демантира политиката и тамошните политичари.
Еден таков несекојдневен настан се случил изминатиот четврток во местото Бело Поле кај градот Мостар.

Во тамошната православна црква е направен ифтар (рамазанска вечера) за соседите муслимани. За Радио Слободна Европа неколку учесници на тој настан ги раскажале своите доживувања.

Црквата „Вознесение Христово“ во Бело Поле се наоѓа на некои десетина километари северно од Мостар и изминатиот четврток одбележала 150 години од постоењето.
Православните верници од сите делови на долината на Неретва и нивните соседи римокатолици присуствувале на свеченоста.

Вечерта во истата црква е подготвен ифтар за соседите муслимани.

Еден од свештениците изјавил дека изминатите пет години откако тој служи во црквата се прославува празникот Спасовден и секогаш ги канат соседите муслимани. Но, оваа година тие биле спречени да дојдат заради Рамазанските пости. Затоа решиле да ги поканат навечер на ифратската вечера и така сите заедно да ја поделат радоста на славата и моментите на постите.

/РСЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *