Молитвена литија во Рајчица со моштите на Св. Георгиј Победоносец и на други Светии

Date:

Share post:

Монахињите од манастирот во Рајчица, заедно со затекнатите верници денеска направиле литија со чесните мошти на Великомаченикот, на Преподобниот Герасим Јордански кој се слави токму денеска, како и со мошти на други Светии што се чуваат во Манастирот, за спасение на сите од искушението на коронавирусот.

-Опходот со моштите, пропратен со пеење на: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртен, помилуј нè“ и на тропари на повеќе Светии, го заокружи целиот манастирски комплекс, а на сите четири страни беа упатени прозби и молитви, за добриот наш Бог да ја чува нашата света Обител од секакво зло, да ги благослови и спаси жителите на градот Дебар и околните села, како и сите луѓе кои се погодени од искушението со коронавирусот, велат од Бигорски.

Според монасите во традицијата на православната Црква е кога ќе се случи некоја голема епидемија, да се прават литии со свети мошти, икони и други светињи, но не со масовно учество на народот, поради опасност од зараза, туку само со учество на клирот, монаштвото и мал број на верници.

-Таква, на пример, била литијата со моштите на Свети Климент Охридски во 1910 година, кога Охрид го пустошела страшна чума, после што чумата сосема престанала. По молитвите на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец и на сите Светии, милостивиот Бог да се смилува на Татковината наша и на овој Негов свет и да ја оттргне оваа беда од човештвото, приведувајќи го кон покајание и кон богообраќање!, велаи од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img