
Европскиот форум на ЛГБТ-христијански групи, организација која обединува повеќе од 40 гупи од цела Европа и во која членуваат околу 6000 христијани, кои се декларираат како дел од геј, лезбејки, бисексуалци, и трансексуалци испратиле отворено писмо до Соборот на Православната Црква во Крит со цел да го свртат вниманието на поглаварите на Православните цркви за положбата на нивните ЛГБТ-верници.
-Како што покажува искуството на многу религиозни општини и заедници, спојот на “религиозната” и “сексуалната” компонента на својот идентитет е една од најтешките битки со кои може да се соочи верникот, особено кога неговата заедница одбива да го признае неговото постоење или во него гледа непријател. Многу православни ЛГБТ-христијани беа протерани од своите парохии, изолирани од Причест, стои во писмото на ЛГБТ заедницата до поглаварите на Православните цркви.
Во писмото стои и повикот за преиспитување на ставот на Православната Црква, кон овие припадници на ЛГБТ-заедницата.
-Ве молам да направите се што е можно за да го запрете насилството и агресијата! Стои во писмото.
/РЕЛИГИЈА.МК