Почетна Вести Кардиналот Паролин: Потребно е хумано и одржливо решение за бегалците
Кардиналот Паролин: Потребно е хумано и одржливо решение за бегалците

Кардиналот Паролин: Потребно е хумано и одржливо решение за бегалците

107
0

За предизвиците со кои се соочува Европа во поглед на мигрантската криза е потребно  сеопфатно решение. Тоа треба да има и хуман и солидарен пристап. Ова денеска во Скопје, по средбата со македонските државни власти, го изјави ватиканскиот државен секретар, Кардиналот Пјетро Паролин. Бегалската криза и меѓународните предизвици на државите од нејзе било едно од прашањата на кое разговарале, Емил Димитриев и Ѓорге Иванов со Премиерот на Ватикан, Пјетро Паролин.

– Приодот кон решавање на ситуацијата треба да биде со примена на солидарност, човечки однос. Треба да се гледа кон бегалците, кон оние што имаат проблеми како на деца, жени, возрасни луѓе кои се наоѓаат во една многу тешка ситуација и имаат потреба од помош, изјави кардиналот Паролин во Скопје.

Според него, за да се дојде до хумано и одржливо решение потребен е дијалог меѓу земјите од каде што потекнуваат бегалците, земјите транзит и земјите кои се крајна цел на овие луѓе.

– Притоа сметам дека земјите кои се изложени односно се во прва линија и треба да се соочат со приливот на бегалците не треба да бидат оставени сами, ним треба да им се помогне, рече ватиканскиот државен секретар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *