Неколку десетици луѓе фрлале со камења на џамиите во градот Чилав на западниот брег на Шри Ланка , поради кавга на Фејсбук. Скршени се и излозите на продавници на Муслимани , а претепано е и едно лице. Полицијата за сега не соопштува колкумина од напаѓачите се уапсени.
Пред три недели муслиманските екстремисти на Шри Ланка изведоа серија бомбашки напади во цркви и луксузни хотели точно на Велигден , при што загинаа повеќе од 250 луѓе.
Од тогаш муслиманските групи во оваа земја примиле десетици поплаки за вознемирување од жителите од други вероисповеди.

