Дваесет и двегодишниот Јове Стојчевски денеска го фати крстот во црковниот двор на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици.
По светиот крст во базенот скокнаа 29 момчиња и една девојка, а најсреќен беше Стојчевски.
– Учествувам петти пат и конечно прв пат го фатив светиот крст. На сите им посакувам многу среќа и за многу години празникот, кусо изјави Стојчевски, кому митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар му подари крст од храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ и примерок од Светото писмо.
/fokus

