Почетна Вести Христијанство Јован: Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА
Јован: Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА

Јован: Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА

1.09K
5

Не знам кога радоста ми беше поголема – кога го примав томосот за автономија за Православната охридска архиепископија од раката на патријархот Павле или денеска кога се воспоставува целосно литургиско општење со сите архиереи на МПЦ-ОА. Ако треба да одбирам би дал предност на денешната радост бидејќи денеска се воспостави целосно евхаристичко единство со нашите браќа со кои не бевме, изјави Јован Вранишковски, поглавар на Православната охридска архиепископија (ПОА), во обраќањето на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ-ОА во храмот „Свети Сава“ во Белград.

Тој повика да им се оддаде признание и почит на архиереите од МПЦ-ОА на чело со архиепископот Стефан кои, како што рече, ги издржаа неразумните и противцрковните притисоци на јавноста во РСМ.

„Овој ден го создаде Господ за да се радуваме и веселиме во него. Единството на црквата не е дополнување на суштината на црквата, туку самата суштина на црквата. Не може да имаме две или повеќе цркви како што веруваат протестантите или две или повеќе литургии. Со денешната литургија се признаваат сите свети тајни и молитвословија кои се извршени во МПЦ-ОА за цело време додека таа не беше во единство со СПЦ, а преку неа и со сите православни цркви. Треба да се оддаде голема почит и признание на архиереите од МПЦ-ОА на чело со архиепископот Стефан кои ги издржаа неразумните и противцрковните притисоци на јавноста во РСМ“, рече Јован во обраќањето на српски јазик.

Тој понатаму во говорот појасни за какви притисоци се работи:

„Велам противцрковни, притисоци бидејќи тие луѓе не се интересираат за канонско и црковно решавање на долгогодишниот проблем, бидејќи повеќе ги интересираат национални, реалполитички, геоплитички, црковнополитики состојби, како што се наведува во соопштението на СПЦ за признавањето на МПЦ-ОА во литургиско општење“, рече тој.

Тој на крајот им се заблагодари на свештениците и верниците на неговата ПОА кои, како што рече, сите тие години служеле и слушале литургии по приватни куќи и подруми и биле прогонувани и судени, но биле свесни дека тоа е жртва за единството на црквата.

Најголема благодарност тој упати до поглаварите на СПЦ Порфириј и до МПЦ-ОА Стефан: на Порфириј, за како што рече, добрата волја и големата упорност за проблемот на расколот конечно да се реши, а на Стефан за покажаната подготвеност за лична жртва да ги понесе озборувањата на нецрквените луѓе во РСМ.

/360степени

Коментар(5)

  1. Јован, Марко и Давид … отидоа во делот на безначајната историја … Јоаким, не … затоа што тој не избега од МПЦ и никогаш ништо лошо не кажа нити стори лошо за МПЦ … а овие тројца … се предадоа себеси, народот, црквата, ја предадоа вистината и за 20 години се плукнаа на вечноста … прво и прво зборува и говори по српски, кога има свој јазик … Архиепископ демек … чиста 0, но користна како пример негативен … само параклисот на Големо езеро ке остани од него … со потпис како епископ Дремвицки …

  2. И да додадам … сликата зборува се … трио фантастико … чисти марионети. Нити некој го слушна, нити некој ги виде. Како и досега што никој не ги слушаше, никој не ги фермаше. Со мир, само подалеку …

    1. Брате, ступио си у благодатно јединство свете Цркве Христове, заједно се причешћујеш са свима па са и тројицом владика коју помињеш. Радуј се брате! Не можеш да будеш подалеко од другог брата у Христу. Јер онда си подалео од Христа!

  3. Човекот беше затворен поради истото што сега де случи во Белград – враќање во канонско единство со Спц. Истиот човек боледува од шеќер и во овој момент од поозбилна болест како последица на изминатите 20 години тортура. И да, го слушнаа сите а поготово со респект го гледаат како епископ од Ерусалим преку Москва до Грција. Нека е секако со среќа на сите и Господ на сите на нас нека ни е на помош со помалце гнев да му се радуваме на надминувањето на расколот.

  4. Мики и Владимир … јас не реков дека не се радувам, или дека тие не се радуваат. Ама ПОА беше и остана само приказна за мали деца, која ни децата нема да ја запаметат … всушност, веќе и во Белград и во Москва ја заборавија …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *