
Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА од 23 до 24 мај
Макеоднсакта православна црква соопшти дека на 23 и 24 мај оваа година во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Патријархот Порфириј.
Делегацијата пристига на 23 мај вечерта, а на 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
Во соопштението нема делати дали со посетата на Порфириј, ќе биде донесена и одлуката за писмото со кое Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе биде извесет за согласноста на СПЦ за автокефалност.