Почетна Вести Изградбата на црквата во Асеновград во Бугарија денес мистерија
Изградбата на црквата во Асеновград во Бугарија денес мистерија

Изградбата на црквата во Асеновград во Бугарија денес мистерија

197
0

16 години подоцна, за жителите на Асеновград  во Бугарија, се уште останува мистерија кој преку ноќ ги даруваше неопходните средства за доизградба на локалната црква, Свети Иван Рилски.

Тајниот донатор кој на 28 мај 2001 година оставил пакет со тогашни 45.000 германски марки од една страна е мистерија, а од друга херој за тамошното население.

Бугарските медиуми и денес се обидуваат да дознаат кој и зошто оставил токму толку пари колку што недостасувале за да се доизгради локалната црква. За настанот и денес се плетат многу приказни и се споменуваат многу можни донатори, но никој ја нема вистината за настанот.

Меѓу легендите раскажувани од локалното население, како донатор се споменуваат од непознат човек со црн мерцедес, преку муслиман по потекло од ова место, па се до локалната лекарка гинеколог, која пак ја негира такавата теза.

Пакетот со 45.000 германски марки тој ден го пронашла клисарката, која била шокирана првин мислејќи дека е бомба. Подоцна проверката покажала дека внатре има токму онолку пари колку што биле потребни за да се заврши градбата на црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *