Почетна Вести Ислам ИВЗ стави мораториум на барањата до владата до завршување на изборите
ИВЗ стави мораториум на барањата до владата до завршување на изборите

ИВЗ стави мораториум на барањата до владата до завршување на изборите

146
0

Исламската верска заедница става мораториум на отворените прашања со државата се до завршувањето на претседателските избори, затоа што не сака некој да се чувствува како уценет, ниту пак сакаат да бидат дел од злоупотреба за политичките игри. Сепак ИВЗ останува на својот став дека нивните барања се легитимни и не претставуваат никаква закана за никого.

Денеска на брифинг со медиумите, Исламската Верска Заедница вели дека писмото до Премиерот Зоран Заев не било прво, туку дел од редовната комуникација уште од јуни 2017 година, но досега не добиле никаков одговор. Од ИВЗ велат дека за целиот период постоеле ветувања од Владата за решавање на проблемите, но без конкретни чекори.

-Играњето топло-ладно и празните ветувања дека ќе се решат проблемите, а не се решаваат, ја минаа границата на нашето трпение, велат од ИВЗ.

Проблемите за кои зборува Исламската Верска Заедница во писмото,  велат се повеќе од 20 години и токму поради тоа што државните институции не ги решаваат, сметаат дека се дискриминирани.

Од ИВЗ велат дека во процесот за денационализација поднеле 350 барања, од кои само 40% се завршени. Останатите се предмет на спорови.

Најспорни се предметите за денационализација на Капан ан, Сули Ан, безистенот во Старата Чаршија, како и објектите на Националната Галерија на Македонија, Даут Пашин Амам и Чифте амамот.

Меѓу отворените прашања на ИВЗ со државата се и изградбите не неколку џамии во Македонија, за кои сметаат дека институциите вршат опструкции.

ИВЗ но останатите верски заедници реагираа и на одлуката на УЈП да покрене постапки за финансиска отчетност.

Денеска Директорката на УЈП, вели дека за да државата воспостави процес на фискализација, ќе мора претходно да бидат променети законските регулативи.

Од ИВЗ велат дека иницирале и дијалог со владата во кој сакаат да зборуваат за финансирањето на верските заедници, но досега и за ова прашање немало никаков интерес од државата.

/сител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *