За време на 81. Генерална асамблеја на Конференцијата на италијанските бискупи (CEI), која се одржува од 17 до 20 ноември 2025 година во Асизи, претседателот на CEI, кардинал Матео Марија Зупи, упатил јасен повик до своите колеги-бискупи да ја зајакнат посветеноста на мировните напори и да ги поддржат најранливите, мигрантите и затворените лица.
Кардиналот укажал на страдањата предизвикани од тековните глобални конфликти и ја нагласил потребата Европа да ја преземе својата одговорност во градењето на одржлива архитектура на мирот, со посебен осврт на „маченичка Украина“.
Во завршницата на собирот, кој ќе биде затворен од Папата Лав XIV на 20 ноември, биле разгледани теми како мисионерските приоритети на Црквата, заштитатат на ранливите и улогата на католичкото образование во градењето на хармонично и праведно општество.

