Почетна Вести Иран апси за слики без хиџаб на Инстаграм
Иран апси за слики без хиџаб на Инстаграм

Иран апси за слики без хиџаб на Инстаграм

389
0

Осум лица биле уапсени зашто ставале фотографии на социјалните мрежи, осебено на Инстаграм, што не се во согласност со правилата на исламот, вклучувајќи и фотографии на кои се наоѓаат жени без хиџаб. Ова го соопштиле од Техеранскиот суд за компјутерски криминал.

iran 2Апсењата биле спроведени по двегодишна истрага наречена „Пајак 2“, а на мета се нашле и фотомоделите поради нивните фотографии на кои се сликани со откриена коса, што е забрането за жените од Исламската револуција во 1979 година.

Според судскиот извештај, идентификувани се 170 луѓе кои учествувале во креирањето и поставувањето на фотографиите на Инстаграм, од кои 59-мина се фотографи и шминкери, 58 се фотомодели, а 53 се менаџери и вработени воп модните салони.

„Откривме дека околу 20 отсто од фотографиите на Инстаграм од Иран се поставени од луѓе што се занимаваат со мода. Должни сме да им се спротивставиме на оние што на организиран начин шират неморал, неисламска култура и промискуитет“, изјавиле од судот.

Социјалната мрежа Инстаграм е многу популарна во Иран. За разлика од Фејсбук, Твитер и Јутуб, кои се бликирани, Инстаграм им е достапен на сите Иранци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *