Почетна Вести ИД ја презеде одговорноста за нападот на најголемиот шиитски храм во Сирија
ИД ја презеде одговорноста за нападот на најголемиот шиитски храм во Сирија

ИД ја презеде одговорноста за нападот на најголемиот шиитски храм во Сирија

70
0

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за двата денешни самоубиствени бомбашки напада во предградие на Дамаск, во кои загинаа најмалку осум лица, а десетици се повредени.

sirija napad dzamija 2Борци на ИД го активирале експлозивот кој се наоѓал во автомобилот во предградието Саида Зеинаб, каде се наоѓа најолемиот шиитски храм во Сирија, додека двајца бомбаши-самоубијци се разнеле во непосредна близина.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во двојниот напад се убиени најмалку 20 луѓе, меѓу кои и 13 цивили, а повеќе од 30 се повредени.

Во овој кварт од почетокот на годинава припадниците на Исламска држава извршиле најмалку три бомбашки напади.

Храмот, кој се наоѓа на десетина километри од центарот на Дамаск, е под зајакнато обезбедување на безбедносните сили, но сепак неколку пати бил мета на џихадистички напади.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *