Почетна Вести И Грчката црква не остана рамнодушна, бара промени во заклучоците за Сеправославниот Собор
И Грчката црква не остана рамнодушна, бара промени во заклучоците за Сеправославниот Собор

И Грчката црква не остана рамнодушна, бара промени во заклучоците за Сеправославниот Собор

370
0

Грчката православна црква и официјално се приклучи во друштвото на православни цркви кои ги оспорија договорените заклучоци по точките од дневниот ред на Сеправославниот и голем собор, кој за неполни две недели треба да се одржи на Крит, по повеќе од 1200 години.

Синодот на ГПЦ во полн состав, највисокото тело, изгласа окружно послание кое ќе се чита на сите литургии во сите храмови со цел верниците јасно да го чујат ставот на ГПЦ за Сеправославниот собор. Иако мнозинството на грчки архиереи изминатиов периот тактизираше, сепак на крај, веројатно да го зачува своето единство внатре во црквата, изгласа заклучоци со кои бара доработка на дел од точките од дневниот ред.

-Ерархијата на Црквата на Грција, со полна вера во учењето на Пророците, Апостолите и Отците, и со почит кон соборноста на Православната Црква, поединечно ги проучи предлозите на постојаниот Собор, точка по точка, во мирен дух, одговорно и сериозно. Со консензус за повеќето прашања направи предлози за промени во предложените текстови и каде беше потребно, направи и дополненија, така што тие сега претставуваат конечна одлука на нашата црква по овие текстови. Поправките и дополнувањата кои се значајни и усогласени со долгогодишното искуство и предание на Црквата, ќе бидат доставени до Сеправославниот секретаријат на Светиот и Велики собор во Крит и од Блажениот Атински и на цела Грција Архиепископ Јероним, ќе се настојува за да се подобрат веќе разработените текстови од Поглаварите на Православните цркви и така да се даде едно добаро црковно сведоштво на верата и единството во современиот свет, во склад со целото предание на Црквата. Сосема извесно е дека Архиереите на Грчката Црква овие сериозни прашања ги разгледа со одговорност, трезвен дух и знаење. Но, најважно е дека го задржи своето единство. Беа слушнати мислењата на многу архиереи и одлуките беа донесени едногласно, пишува во заклучокот на Грчката православна црква.

На, овој начин ГПЦ, констатира во соопштението дека е надминато „беспокојството, во многу елементи оправдано, кај многу клирици, монаси, свештеници изминатиот период“.

Оваа одлука на ГПЦ во последен момент доаѓа како остриот отпор што изминативе неколку месеци го правеше еден од најголемите антекуменисти во Православието, Пирејскиот митрополит Серафим, кој усепа да собере голем број приврзаници не само во Грчката, туку и кај останатите помесни православни цркви.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *