Хрватскиот свештеник кој сними хип-хоп спот стана хит на Балканот – Пробуди се цркво, зар не го гледаш пламенот!

Date:

Share post:

Дон Данте, односно отец Жељко Ловриќ, со својата хип-хоп песна „Исповед од асфалтот“ не ги освои само социјалните мрежи, туку и луѓето кои можеби со години не застанале да слушнат порака за верата, надежта и смислата на денешниот хаотичен свет.

Неговиот спот на Јутјуб, за две недели има над 130.000 прегледи и стана апсолутен хит.

-Знам дека многумина ги интересира за што е оваа моја прва композиција ‘Исповед од асфалтот’, која некако ја виде светлината на денот преку спот што го режирав. Настана од мојот револт и бунт. Не ми се допаѓа тоа што се случува во светот. Виновни сме и ние од црквата што тоа се случи, бидејќи очигледно тоа што го зборувавме не најде плодна почва. Целото човештво не е добро.
Кога толку лесно се лизна. Жал ми е што тоа се случи и чувствувам вина, згрозеност и затоа настана песната ‘Исповед од асфалтот’. Таа е мој манифест“, вели Жељко за хрватските медиуми.

Пробуди се цркво, зар не го гледаш пламенот… светот гори во лаѓи, а ние викаме Амин, се дел од стиховите на песната.

-Светиот отец Лав 14 неодамна ги повика свештениците да користат нови медиуми, нови пристапи, така што Жељко како личност со свој уметнички талент, кој кај него е многу изразен, тоа многу добро го користи. И преку тој вид пасторала се допира до многу луѓе до кои, еве, можеби на класичен начин, кој нè затвора во некои простори, не би можеле да стигнеме. А тоа што го видов е дека на тој начин и многу луѓе ги вратил кон верата или им ја приближил верата“, вели Даниел, за хрватските медиуми.

За уметничкото име – Дон Данте, го инспирирал неговиот најдобар пријател, кучето Данте.

Освен кучето, католичкиот свештеник Ловриќ има уште еден миленик со кој го дели животниот простор, а освен со музика, се занимава и со пишување поезија и сликање. Освен по својата креативност, познат е и по хуманитарната работа, па наскоро планира работилница за графити за деца со потешкотии во развојот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img