
Македонската православна црква во сите храмови и манастири, по полноќ ја објави најрадосната вести за Христијаните, Воскреснието Христово.
Синоќа во сите храмови се пееше „Христос воскресна од мртвите“, а по опходнот на црквите, верниците ги кршеа првите велигденски јајца, поздравувајќи се „Христос воскресна-навистина воскресна“.
Централната прослава за Велигден беше во Скопје, во Архиепископскиот соборен храм, „Св.Климент Охридски“, каде веста за воскресението ја објави Поглаварот на МПЦ, Архиепископот Стефан.
Од преставници на државата на полноќната воскресна литургија беа, директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Православните Христијани со порздравот, „Христос воскресна-навистина воскресна“ ќе се поздравуваат се до Спасовден.
Слушнете го говоорот на Архиепископот. г.г Стефан.
Опход на Црквата и објавување на Воскресението.