Почетна Вести Свет Христијаните во Ирак пред целосно исчезнување
Христијаните во Ирак пред целосно исчезнување

Христијаните во Ирак пред целосно исчезнување

133
0

Ирачките христијани се собраа во Багдад на одбележување на Велигден, но прославата беше проследена со стравувања поради Исламската држава, поради која се повеќе христијани го напуштаат Ирак.

Прогонот на Христијаните во Ирак се интензивира од средината на 2014 година, откако во Мосул припадници на ИСИЛ почнаа со уништување на вековната верските објекти.

Католички Велигден во Мосул
Католички Велигден во Мосул

Христијаните стравуваат дека им се заканува целосно истребување, особено што како и милиони други Ирачани се принудени да ги напуштат сомовите.

Некои проценки велат дека денешниот број на Христијани во Ирак е сведен на неколку стотина илјади, од околу 1.5 милиони во 2003 година, пред американската инвазија на Ирак.

Христијанството во Ирак датира од првиот век, од времето на апостолите Тома и Тадеј кога било распространето Евангелието на плодните делови покрај реките Тигар и Еуфрат.

Ирак беше земја на многу различни христијански цркви, католички и православни, а нивното присуство во минатото беше знак на етничката и верската разновидност на Ирак.

Но, сега христијани велат дека често се негира слободата на изразување во претежно муслиманска земја и како и многу Ирачани немаат сигурност, основни услови и економски можности.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *