Почетна Вести Грчкиот и рускиот официјални јазици на средбата на поглаварите
Грчкиот и рускиот официјални јазици на средбата на поглаварите

Грчкиот и рускиот официјални јазици на средбата на поглаварите

232
0

Од сите јазици на кои зборуваат верниците во православните цркви, само грчкиот и рускиот јазик се користат како официјални на состанокот на поглаварите. Во официјалните јазици за дебата се и двата меѓународни, англискиот и францускиот.

Останатите учесници, можат да го користат својот мајчин јазик, но само ако  имаат обезбеднено свои преведувачи, кои ќе преведуваат на некој од официјалните јазици на средбата.

Помеѓу покарактеристичните моменти од овој состанок во Шамбези се издвојува оној во кој Вселенскиот патријах, Вартоломеј избегнува да го користи терминот „Вселенски“ во својата титула, титулирајќи се како „Цариградски или Константинополски“. Овој потег се толкува како дипломатски, особено што многумина од поглаварите му замеруваа за употребата на титулата „Вселенски“.

Јавноста и медиумите се целосно искучени од работата на оваа подготвителна конференција. На почетокот од заседанието било дозволено фотографирање на учесниците, но од саботата вечерта, средбите се одржуваат зад затворени врати.

Се очекува на 27 јануари, в среда, учесниците да излезат со соопштение за медиумите во кое ќе ги соопштат заклучоците.

Како што веќе објави „Религија.мк“, средбата има за цел да го подготви свикувањето на „Светиот и голем Собор на Православната црква„ по повеќе од 1200 години.

Неговото свикување беше планирано за средината на месец јуни 2016 година, за време на големиот празник „Педесетница“, но од заклучоците на оваа подготвителна конференција ќе биде појасно дали Соборот ќе се одржи во овој термин, или пак ќе има негово одложување, како што се најавуваше, а и може да се заклучи од настапот на Рускиот патријарх Кирил.

Оваа средба требаше да се одржи во Фанер, во седиштето на Цариградската патријаршија, но поради заострените меѓународни односи меѓу Турција и Руција, беше преместена на неутраелн терен и посигурно место.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *