Почетна Вести ГПЦ тврди дека државата и „објавила војна“
ГПЦ тврди дека државата и „објавила војна“

ГПЦ тврди дека државата и „објавила војна“

587
0

Грчкатата православна црква тврди дека Грција и „објавила војна“, со тоа што одлучила да отвори Крематориум во градот Патрас. Тоа наиде на жесток одговор од грчките влкадици, кои ја обвинуваат Грција дека со кремирањето ја „кремира“ грчката црковна традиција.

Justin GPCМитрополитот Каламариски Јустин вели дека на овој начин и се ускратува правото на Црквата да се занимава со целиото тело на човекот. Јустин тврди дека погребувањето е дел од целиот еден процес на црквување на човекот и дека функцијата на Црквата не е само да се занимава со духовната поука на човекот.

Според него кремирањето на мртвите е нихилизам, безбожништво и презир пред се на човечката личност.

-Главата закана за Грција не е економската, туку духовната и моралната криза. Ние православните христијани сме должни да се спротивствавиме со оваа дерструктивна сила која се заканува да уништи се. Ние мора да им се спротивставиме на оние кои сакаат да ни наметнат туѓи обичаи со тоа што ќе ја поробат нашата земја со идеологија донесена од странство, вели Митрополитот на Грчката православна црква.

И Митрополитот Хризостам од Патрас остро се спротиставил на идејата за кремирање, оценувајќи ја како уништиување на Православната вера.Grcka crkva krematorium

-Човекот е создаден од Бога според Неговиот образ и подобие, како психосоматско единство. Врската на душата и телото е света, не е случајно што апостол Павле го нарекува телото “храм” на Светиот Дух . Душата одвоена од телото станува труп. Горењето на мртвите е нихилизам, погребите се почитувањето на личноста на починатиот . На крајот на краиштата, кремирање на мртвите е знак на недостаток на вера во Воскресението, вели Хризостам

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *