ГПЦ со 40 луѓе оди на Соборот во Крит – Антиекуменистите бојкотираа

Date:

Share post:

Грчката православна црква ќе учествува со 24 митрополити на Големиот и свет собор на Православната црква, закажан за јуни оваа година на Крит. Делегацијата на ГПЦ ќе ја предводи лично Архиепископот Јероним, кој и покрај несогласувањата со Вселенскиот патријарх, Вартоломеј одлучил да оди на Соборот. Покрај нив, во делегацијата ќе има вкупно 40 луѓе, меѓу нив и свештеници, Архимандрити, епископи и мирски лица.

Синодот на ГПЦ во полн состав ја избрал делегацијата и покрај тоа што голем дел од владиците на грчката црква веќе јавно се произнесоа против закулоците за Соборот.

Одлуката за тоа кој ќе учествува на Соборот била носена со тајно гласање. За предложениет митрополити гласале 52 члена на САС на ГПЦ, а против биле 25.

Иако биле предложени да земат учество во Соборот, некои од Архиереите на ГПЦ откажале, поради неможноста да имаат право на сопствен посебен глас на тој собор. Меѓу нив е Митрополитот на Нова Смирна, Симеон, кој е и еден од жестоките антиекуменисти, противници на овој Собор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img