Големо сослужување на православните цркви без МПЦ-ОА и Руската црква

Date:

Share post:

Во Верија во Грција на 29 јуни 2026 година, беше прославен споменот на светите првопрестолни апостоли Петар и Павле. На литургијата присуствуваа речиси сите автокефални цркви освел Руската, која не сослужува со Грчката црква и од тие причини немаше свој претставник. Но свој претставник немаше ниту МПЦ-ОА, која нема проблем со сослужувањето со ниту една црква.

Литургијата беше по завршувањето на триесет и втората меѓународна теолошка конференција „Павлија“ на која учествуваа архијереи од помесните Православни Цркви, но и таму МПЦ-ОА не учествуваше.

Со Литургија началствуваше митрополитот Шведски Климент од Вселенска патријаршија, а сослужуваа епископ Мареотски Дамаскин од Александриската Патријаршија, митрополитот Филипополски Нифон од Антиохиската Патријаршија; митрополитот Назаретски Киријак од Ерусалимската Патријаршија; епископ Липљански Доситеј од Српската Патријаршија; епископ Северински и Стрехајски Никодим од Романската Патријаршија; митрополитот Неврокопски Серафим од Бугарската Патријаршија; епископ Агарски и Цалкиски Григориј од Грузиската Патријаршија; митрополитот Месиниски Хризостом од Црквата на Грција; митрополитот Ѓирокастренски Натанаил од Православната црква на Албанија; претставник на Црквата на Кипар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img