Почетна Вести Германскиот кардинал: Не само хуманост, разум треба за бегалската криза
Германскиот кардинал: Не само хуманост, разум треба за бегалската криза

Германскиот кардинал: Не само хуманост, разум треба за бегалската криза

115
0

И Католичката црква во Германија застана зад идејата за намалување на бројот на мигранти. Црквата испрати и официјален повик да се намали приливот на бегалците, посочувајќи дека Германија не може да ги прифати сите луѓе не светот на кои им е потребна помош.

Германскиот кардинал, Рајнхард Маркс, вели дека решавањето на проблемот со бегалците не може да биде само работа на хуманоста, туку тоа мора да биде и работа на разумот.

Тој, воедно изразил и загриженост поради растот на ксенофобијата во Германија, која се појавила паралелно до најголемата бегалска криза, која по Втората светска војна ја погоди Европа.

Викендов илјадници луѓе во неколку европски градови протестираа против Исламот и имиграцијата во Европа, на иницијатива на германското исламофобско движење Пегида, а кое се појави во средината на 2014 година и постојано се шири во европските држави.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *