Почетна Вести Германската полиција упадна во џамија поврзана со радикални исламисти
Германската полиција упадна во џамија поврзана со радикални исламисти

Германската полиција упадна во џамија поврзана со радикални исламисти

169
0

Германската полиција изврши претрес на џамија во градот Хилдесхајм, за која се смета дека е поврзана со групацијата Исламска држава и конфискуваше доказни материјали, што можат да се искористат за нејзина забрана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија.

policija germanijaКако што јави ДПА, освен џамијата, чија работа ја води организацијата „Исламски круг“ (ДИК) синоќа биле претресени и станови во сопственост на осум членови на оваа групација.

– ДИК во Хилдесхајм е национално гнездо на радикалните салафити, изјави министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија, Борис Писториус.

– По повеќемесечната подготовка ние презедовме важен чекор кон забраната на организацијата со извршувањето на претресите, изјави тој во врска со полициската операција во која учествуваа над 400 полицајци.

Властите имаат докази дека во џамијата се врши радикализација на муслиманите, кои се врбуваат да заминат да се борат во воени зони, а некои од посетителите веќе ја напуштиле Германија за да се приклучат кон терористички организации, меѓу кои и ИД во Ирак и Сирија.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *