Шлемовите на швајцарската гарда на папата веќе се високотехнолошки – од пластика со тежина од 570 грама, за разлика од железните кои тежеа околу два килограма.
Од денеска 98 шлемови им беа дадени на гардистите и до крајот на годината ќе бидат испорачани уште 120. Изработката на еден шлем трае еден ден. Тој чини околу 1000 швајцарски франци (883 евра).
Новиот пластичен шлем е изработен со скенирање на традиционалниот модел од 16 век, со компјутерска обработка и испечатен на 3Д печатар во Швајцарија. Дизајнот на униформата на швајцарската гарда не е осовремен од 1914 година.
/локално

