Почетна Вести ФРАНЦИСК: Одиме заедно на патот кој од конфликт води кон заедништво
ФРАНЦИСК: Одиме заедно на патот кој од конфликт води кон заедништво

ФРАНЦИСК: Одиме заедно на патот кој од конфликт води кон заедништво

144
0

Околу илјада лутеранци од германската покраина Анхалт која прва пристапила на процесот на „Реформата“ биле во Ватикан на средба со Папата Франциск.

Во поздравниот говор претседателот на локалната Евангелистичка црква Јоаким Лиебиг рекол дека денес во покраината религијата е малцинство. Папата го спомнал патувањето во Лунд во Шведска на комеморацијата за 500 годишнина од реформите на Лутер, што ќе биде можност на Бог да му се заблагодари за педесет години службен дијалог помеѓу лутераните и католиците.

papa-luternci-Денес на Бог му благодариме затоа што лутераните и католиците одиме заедно на патот кој од конфликт оди кон заедништво. Заедно поминавме важен дел од патот. Во одењето вкусуваме спротивставени чувства: болка заради поделбата која се уште постои помеѓу нас, но и радост заради веќе пронајденото братство, потенцирал папата Франциск, потенцирал дека важниот дел на таа комеморација ќе биде управувањето на заедничките погледи кон иднината имајќи го во предвид заедничкото христијанско сведочење на денешниот свет кој е жеден за Бог и за неговото милосрдие.

-Светот очекува Божјото милосрдие да го направиме видливо преку служењето на сиромашните, болните, оние кои ја оставиле својата земја барајќи подобра иднина за себе и за своите сакани. Служејќи на сиромашните чувствуваме дека сме веќе обединети: Божјото милосрдие не обединува. Се надеваме дека нашето взаемно разбирање ќе расте, свесни сме дека преку Крштението веќе сме обединети без оглед на отворените прашања кои се уште не делат. Она што не обединува е многу повеќе од она што не дели, изјавил Папата.

/КАТОЛИЦИ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *