Почетна Вести Франциск и Бенедикт XVI не штедат пофални зборови за Патријархот Вартоломеј
Франциск и Бенедикт XVI не штедат пофални зборови за Патријархот Вартоломеј

Франциск и Бенедикт XVI не штедат пофални зборови за Патријархот Вартоломеј

412
0

Папата Франциск и почесниот папа Бенедикт XVI во своите прилози за зборникот објавен за 25 годишнината од службата на цариградскиот и вселенски патријарх Вартоломеј го пофалиле како човек на верата и градител на мостови. Текстовите ги објави ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“.

Папата Франциск го опишува цариградскиот патријарх како човек кој како личност и со своето делување ја покажува целата длабочина на човечкото и духовното искуство на православната традиција.

Папата пишува дека средбите со патријархот ја „зацврстиле нивната духовна близина“ и ја продлабочиле „заедничката свест за нашата пасторална одговорност“ со оглед на актуелните предизвици на христијаните и човештвото.

benedikt-i-vartolomejСветиот Отец гледа дека двете Цркви ја споделуваат желбата за единство и за градење на поправеден свет како и за грижата околу заедничкиот дом. Според Папата Вартоломеј покажува длабоко сочувство кон моменталното страдање на човештвото и гледа дека двајцата тежнеат за градење на „нова цивилизација на љубов и солидарност“ наспроти насилството, неправдата и дискриминацијата во светот.

Почесниот папа Бенедикт XVI во својот прилог го опишува патријархот Вартоломеј како „вистински екуменски патријарх.“

Бенедикт XVI истакнува дека посебно го трогнало што тој и патријархот останале блиско поврзани и по неговото повлекување.

/КАТОЛИЦИ:МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *