Почетна Вести Франциск: Ајде на зборуваме за жени-ѓакони
Франциск: Ајде на зборуваме за жени-ѓакони

Франциск: Ајде на зборуваме за жени-ѓакони

180
0

Папата Франциско вчера ја отвори дебатата жените да можат да станат ѓакони во Римокатоличката црква и на тој начин да ги заменат свешетниците во некои обреди, како крштевките, јавуваат агенциите.

Во обраќањето пред повеќе стотици монахињи, папата потврдно одговори на прашањето на една од нив која се интересираше дали дошол моментот за основање комисија за разгледување на тоа прашање.

„Мислам дека да, би било добро Католичката црква да го разјасни тоа прашање. Се сложувам. Ќе се заложам за нешто да почне да се случува“, одговори папата.

Во Католичката црква ѓаконот може да крсти, да венчава, да погребува, да проповеда на миса и да им носи причест на болните, но не може да служи света миса и да исповеда, што се свештенички служби.

Минатиот септември, на прашање од новинарите дали некогаш ќе им се одобри на жените да станат свештенички, папата Франциско рече дека тоа е невозможно и дека на тоа прашање веќе има одговорено папата Јован Павле Втори по долго промислување. Жените не можат да станат свештенички не затоа што се неспособни, напротив, во Црквата жените се поважни од мажите, Црквата е жена, рече тогаш папата Франциско.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *