Почетна Вести Франција застана зад забраната за буркините на плажа
Франција застана зад забраната за буркините на плажа

Франција застана зад забраната за буркините на плажа

204
0

Францускиот премиер Мануел Валс застана во одбрана на градоначалниците кои го забрануваат носењето буркините на плажите, пренесоа француските медиуми.

– Ги сфаќам градоначалниците кои во овој момент на тензии се обидуваат да најдат решенија и да избегнат нарушувања на јавниот ред – изјави Валс во интервју за регионалниот весник „Прованс“.

burkini plaza– Ги поддржувам оние што донесоа решение за забрана, затоа што тие се мотивирани од желбата да ги поттикнат луѓето да живеат заедно, без политичка заднина – објасни Валс.

– Плажите, слично на сите јавни места, треба да бидат зачувани од религиозни барања и претензии. Буркините се израз на една политичка замисла, на едно контраопштество, што во суштина се темели на потчинување на жената – дополни тој.

– Зад буркините стои идејата дека жените се нечисти, бесрамни и дека нивното тело треба да биде целосно покриено. Тоа нема ништо заедничко со вредностите на Франција и на Француската република – дополни Валс и кажа дека републиката треба да се штити од овие провокации.

Градоначалниците на четири француски општини досега го забранија носењето буркини на плажите – Кан и Вилњев-Лубе на Азурниот брег, Сиско на островот Корзика и Туке на нормандскиот брег.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *