Почетна Анализа „ЕТНОС“: Македонски и бугарски свештеници сакаат да служат во Егејска Македонија
„ЕТНОС“: Македонски и бугарски свештеници сакаат да служат во Егејска Македонија

„ЕТНОС“: Македонски и бугарски свештеници сакаат да служат во Егејска Македонија

620
0

Македонски и бугарски свештеници сакаат да служат во грчките парохии во пограничните региони со Бугарија и Македонија, во опустените села во Егејска Македонија каде што сега нема постојани грчки свештеници.

Ваква предупредувачка репортажа објавил деновиве грчкиот весник „Етнос“ информирајќи за ваквите зачестени случаи. Во текстот што вчера го пренесе и бугарскиот верски портал Dveri.bg се наведува дека цел се селските подрачја во Грција каде што црквите се заклучени и во нив не се одржуваат богослужби бидејќи последниве години државата презела драстични мерки за намалување на бројот на државните службеници, вклучувајќи ги и свештениците.

crkva-6Весникот „Етнос“ цитирал и неименуван грчки архијереј, кој рекол дека е голем проблем што нема свештеници.

– Луѓето имаат потреба да одат во црква, на литургија, посебно во неделите кога се исповедуваат и примаат света причест. Соседните земји сакаат да ја искористат ова состојба и се нудат да помогнат, што ние не треба да го примаме во никој случај, изјави тој за овој медиум.

crkva-4Меѓутоа, весникот не наведува каде точно се појавиле свештениците од Македонија и од Бугарија. Ова не е првпат од Грција да доаѓаат предупредувања дека во испразнетите села во кои веќе нема свештеници доаѓаат свештеници од Македонија и Бугарија.

Синодскиот портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј, вчера за „Дневник“ изјавил дека за такви случаи досега не слушнал.

– Не ми е познато дека некој наш свештеник заминал во Грција или дека преку Бугарија отишол да служи во грчките села. Јас не верувам дека има такви примери, изјавил Тимотеј за „Дневник“.

crkva-1Според грчките законските правила, нов свештеник може да се ангажира само доколку претходно пет постари свештеници заминат во пензија. Поради ова правило, се случува многу свештеници во постари години да останат на служба во своите епархии бидејќи нема кој да ги замени. За проблемот бил свесен и грчкиот митрополит Антим, чие седиште е во градот Александруполи каде што исто така недостигаат свештеници во пограничните подрачја со Бугарија.

– Треба да се поттикнуваат мирјаните да станат доброволни свештеници. Односно, да ја комбинираат својата професија со свештеничката и да не добиваат државна плата. Тие нема да носат свештеничка облека во секојдневниот живот. Само еден општински службеник досега прифатил ваков ангажман, изјавил тој за грчкиот весник.

crkva-3Инаку, во Грција правилото е еден свештеник да опслужува четири и повеќе села, со што локалното население не се согласува. Грчката црква има 8.406 свештеници, при што тие се распределени на територијата која е приближно голема како и онаа на Бугарија каде што има само 1.000 свештеници. Еден бугарски свештеник покрива дваесетина села. Грчката држава за свештеничките плати годишно одвојува меѓу 180 и 200 милиони евра. Бугарскиот портал наведува дека меѓу многуте бугарски граѓани што досега заминувале на работа во Грција имало и свештеници. Но, тие првенствено заработувале на работа како земјоделци или работници и не можеле да служат во црквите бидејќи не го знаеле грчкиот јазик.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *