
Ерусалимскиот патријарх Теофил не ја осуди руската воена агресија во Украина, туку само повика на мир и на дијалог.
Во неговото обраќање стои дека Ерусалимската патријаршија многу внимателно ја следи тешката криза во Украина во последните денови и длабоко е загрижена за човечкото страдање на сите браќа и сестри во Христа.
-Најголемата сила на христијанинот е молитвата. Затоа, заедно со другите христијански водачи ширум светот, ги повикуваме сите христијани да се придружат во молитвата за нашиот свет и за народот на Украина. Овде во Ерусалим, од местото на Распнувањето и Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, ги упатуваме нашите молитви на Бога да им даде мудрост и храброст на сите засегнати водачи и земји. Нека им го просветли умот за да се бара дијалог и единство и да завладее траен мир“, се вели во соопштението на патријархот Теофил.