Ердоган: Против исламофобијата да се бориме како против антисемитизмот по холокаустот

Date:

Share post:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика денес, во говор на отворањето на состанокот на главната панисламска организација во Истанбул, на истата борба против исламофобијата каква што била борбата против антисемитизмот по холокаустот.

„Како што се бореше против антисемитизмот по катастрофата на холокаустот човештвото треба со истата решителност да се бори против омразата кон исламот која е во пораст“, кажа Ердоган.

Тој зборуваше на почетокот на состанокот на Организацијата на исламската соработка свикан по нападот врз двете џамии на Нов Зеланд. Во нападот во Крајстчерч кој го изврши десничарски екстремист за време на петочната молитва пред една недела беа убиени најмалку 50 луѓе.

Ердоган остро го осуди нападот и во него видел пораст на исламофобијата во западните земји и ги обвини медиумите дека разгоруваат омраза кон исламот.

„Јасно е дека сме соочени со непријателство кон исламот и омраза кон муслиманите. Таа закана стана проблем со кој треба да се справуваат безбедносните сили, лидерите и обичните граѓани“, порача денес Ердоган.

Тој кажа дека неонацистичките групи треба да се третираат исто како терористичките групи, исто како групата Исламска држава.

Турскиот претседател истакна и дека солидарноста која Нов Зеланд им ја покажа на муслиманите по нападот врз џамиите треба да послужи како пример за лидерите во целиот свет.

/mkd.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img