Почетна Коментар Едно „чудно“ поклонение во еден скриен дијамант на Православието
Едно „чудно“ поклонение во еден скриен дијамант на Православието

Едно „чудно“ поклонение во еден скриен дијамант на Православието

526
0

Mлад теолог од Грција, бил на поклоничко патување во Бигорскиот манастир, а потоа своето искуство го споделил на својот Фејсбук профил и го испратил до монасите.

Овој текст е сведоштво за незнаењето во кое честопати живееме – толку блиску како соседи и култури, а толку далеку како браќа во Христа – бидејќи не се познаваме доволно. Љубовта меѓу народите се раѓа од познавањето на другиот, од пријателството и општењето, пишува во предговорот на текстот.

Во продолжение целиот текст:

Во Свештената Обител на Чесниот Претеча – Бигорски, близу градот Дебар во Поранешната Југословенска Република Македонија, која со Господ напред треба да се нарече Северна Македонија, Православието и Православното монаштво оживуваат! Имав читано многу за многувековната историја на Манастирот, за неговите славни години, за тешкиот период на комунизмот, за неговото опустошување, како и за новото братство кое успеа да го возобнови Манастирот.

Сепак, колку и да имаш читано, колку и да имаш слушано, во никој случај не може да се спореди со искуството кога ќе го посетиш Манастирот. Затоа, така уредил Бог, што ме удостои да можам да го посетам.

Го поминавме граничниот премин Ники, неколку километри од Лерин и се упативме кон градот Дебар, во чија близина се наоѓа Манастирот. Патот е прекрасен, раззеленет, со езера, шуми и реки, додека минуваш низ најголемиот национален парк во земјата, Маврово. По повеќечасовно патување стигнавме, доцна во самракот. Нè чекаше монументален Манастир. Влегувајќи внатре, го сретнавме Старецот на Манастирот, отец Партениј, кој топло нè пречека, а беспрекорно говори грчки. Откако се поклонивме во впечатливиот храм, посветен на Чесниот Претеча Господов, седнавме во Големиот Синодикон, заедно со Старецот, за да пиеме чај и да се запознаеме. Разговорот беше интересен, започна од политичките проблеми што со децении ги измачуваат нашите земји и заврши со братољубието што треба да го покажеме ние, Православните Христијани.

Престојувавме во Манастирот неколку дена и добивме полна слика за него. Навистина, Манастирот ни ја покажа најубавата страна на Православието и на неговата изгубена екуменичност… Сепак, таа постои таму… Таму никој не го дели човекот според националноста, сите се пријатни и желни да те запознаат, да ти проговорат, да ти се отворат, да „добиеш“ нешто од нив и да „добијат“ нешто од тебе. Во ваква братска атмосфера бевме примени. Заклучивме дека во ваква атмосфера никој не губи, туку секој добива. Ни стана јасно колкаво дело прави ова братство во земјата. Дело кое може да се карактеризира како богоугодно, благодарение на Старецот Партениј. Под негов надзор се врши мисионерско и вероучителско дело, кое вистински ја има воскреснато Црквата.

Ова братство претставува огромен пример за подражавање. Кој да замисли дека една рака монаси ќе донесат „пролет“ во една земја каде со години владеела мрачната и студена „зима“. Но, Божјата благодат е таму и благословува… Зашто Светиот Дух „оди и застанува“ каде што сака.

Си заминавме исполнети со пофални помисли, та затоа и го ги напишав овие мисли. А, ако постои некој неверен, го поттикнувам, нека го посети Манастирот за да се увери и, зошто да не, да докаже дека не сум во право.

Со почит,
Фотиј Сионис, од Северна Грција

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *