Почетна Вести Европа Документ од 1663 година потврдува дека високиот суд на Црквата и припаѓа на Вселенската патријаршија
Документ од 1663 година потврдува дека високиот суд на Црквата и припаѓа на Вселенската патријаршија

Документ од 1663 година потврдува дека високиот суд на Црквата и припаѓа на Вселенската патријаршија

494
0

Константин Веточников, доктор по теологија и по историја, научник во Византиската библиотека на Универзитет во Париз, на својот фејсбук профил објави документ од Руската државна библиотека, во кој се потврдува дека високиот суд во Црквата е под јурисдикција на Вселенскиот Константинополски Престол. Документот е датиран од 1663 година.

На објавениот документ има потписи од древните патријарси Константинопол, Антиохија, Александрија и Ерусалим. Конкретно во документо, древните патријарси одговараат на 25 прашања кои се поставени од верниците на Руската црква. Меѓу нив е и одговорот за древната вековна праткика на Црквата дека највисокиот црковен суд е под јурисдикција на Вселенската патријаршија. Пред 1054 година Римската Патријаршија ги решавала црковните прашања во Западната црква, а Вселенската Патријаршија во Источната Црква. По таа година, прерогативот на Римската Патријаршија за црковните дека во Западната Црква преминува врз Константинопол.

На осмото прашање, зададено од верниците на Московската црква се чита: „Дали на Константинополскиот Престол му припаѓа судењето во други цркви и дали секое црковно прашање се решава од него? Патријарсите по тоа прашање одговараат дека “Папата ја имаше таа привилегија пред разделувањето на Католичката црква…, но сега откако се отцепи од Црквата, сите црковни прашања на сите останати цркви се однесуваат до Константинополскиот Престол и за нивно решавање се одлучува од него“.

На седмото прашање се одговата дека највисокиот суд е Константинополслкиот Престол и од него треба да биде добиено конечно решение за соодветното црковно дело.

Поконкрено документот е потпишан во 1663 годиниа од Патријархот на Константинопол Дионисиј Трети, на Александрија Паисиј, на Антиохија Макариј и на Ерусалим Нектариј.

Во историјата има искуства кои покажуваат дека Русија таквото право на Константинопол го има прифатено. Кога рускиот богослов отец Андреј Кураев пишува во неговата книга „Византија наспроти СССР“, тогаш Москва го прифаќа тој одговор на древните патријарси и не се бунтува.

Така за време на 17 век, четворицата древни патријарси и самата Московска Црква му го признаваат правото на Константинопол како највисок цковен орган во Православната Црква.

Сега во 2021 година, Руската Православна Црква се обидува да ги измени Светите Канони, вековната традиција на Црквата и нејзината историја во врска со доделениот од Вселенската Патријаршија Томос за автокефалија на Православната Црква на Украина и се тоа зтоа што е во согласност со апетитите на Москва за власт во Православието.

/ДОКСОЛОГИЈАИНФОЊУЗ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *