
Бигорските монаси денеска ќе го одбележат раѓањето на Свети Јован Крстител, патрон и заштитник на Манастирот. Вечерта спроти 7 јули во Бигорски се служи сеноќно бдение, коешто почна во 22:30 часот, а со кое ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Во четврток наутро, на 7 јули, во Бигорски доаѓа и надлежениот владика, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.
Митрополитот Тимотеј, заедно со владиката Иларион и тетовско-гостиварскиот Митрополит Јосиф ќе служат Светата архиерејска Литургија, која ќе почне во 08:30 часот.
-На торжествената манастирска слава се покануваат сите православни верници коишто негуваат почит и љубов кон светиот Претеча и Крстител Господов и кон неговото славно бигорско светилиште и коишто, заедно со монашкото братство, сакаат молитвено да го прослават споменот за неговото Рождество, велат од Бигорскиот манастир.