Почетна Вести Чудо во Србија: Икони се „расплакаа“ за Свети Илија
Чудо во Србија: Икони се „расплакаа“ за Свети Илија

Чудо во Србија: Икони се „расплакаа“ за Свети Илија

916
0

Големо чудо се случило на Свети Илија во манастирот Свети Лука во Варварин, место во Србија во близина на Крушевац.

crkva varКако што пишуваат српските медиуми од иконите во манастирот почнале да течат солзи, или да мироточат како што тоа се нарекува во црквата.

Голем број верници кои биле во црквата за празникот биле изненадени од моментот кога од очите на иконите на Свети Лука и Свети Алексеј потекле мироточиви солзи, а дополнително биле возбудени од моментот што во манастирската црква почнал да се шири специфичен мирис.

Според изјавите на свештениците на СПЦ, оваа појава значела опомена за некво страдање. Последен пат овие икони „проплакале“ на 24 април, на денот на изборите во Србија.

-Мироточењето на солзи значи дека светците се грижат за луѓето, праќајќи им пораки. Ако иконата обилно мироточи од разни места, како рацете, тогаш тоа може да означува божја милост и радосни настани. Ако водата тече како солзи може да означува блиски страдања и настани од кои сите ќе се потресат, вели верскиот аналитичар, Владимир Димитријевиќ.

Локалниот свештеник пак изјавил дека е тешко да се објасни зошто иконите „плачат“, бидејќи тоа само Бог го знае.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *