Чтецто на Петар го осуди Георгиј за прелест

Date:

Share post:

Чтецот од Преспанско-пелагониската епархија, Кирил Пишмановски, попознат како десната рака на владиката го вброи митрополитот Георгиј во групата безбожници и развратници со кои не треба да се седнува на иста маса. Пишмановски на својот фејсбук профил споделил фотографија од учесниците на православно-протестантската конференција во Охрид и со текст од псалм коментира настанот. Дел од текстот е: „Блажен е оној, што не го следи советот на безбожниците, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници, туку му омилел Законот Господов и за Законот Негов дење и ноќе гриж­ли­во размислува; тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава на­вре­ме, и чиј лист не венее; и во сѐ што пра­ви, напредува.“

Потоа во својот дополнет коментар Пишмановски ќе напише: „Е сега откако ќе го прочитаат овој псалм од религија.мк ќе кажат дека ова е руска пропаганда.“ Па потоа ќе заклучи: „Браќа немојте да тагувате туку бидете тврди и непоколебливи бидејќи нивната прелест ќе сакаат да ви ја продадат како ваша и нивното предавство ќе сакаат да ви го претстават дека не тие туку вие сте предавници. Ќе ви говорат тоа е само дијалог не им верувајте на нивниот интелектуален капацитет и нивните сведоштва поставете ги на терезијата од светите отци и ќе видите дека темнината ни ја продаваат многу евтино како светлина. Не бој се мало стадо!!! Со љубов ваш брат Македонец во Христа.“

Ако се анализира целиот овој коментар, со фотографијата заедно, тогаш лесно се заклучува дека православните, кои се дел од нејзе, а меѓу нив и митрополитот од Охрид се во прелест, а нивното предавство го продаваат како дијалог.

Ако е така, како што влеи, почитуваниот чтец, бранител на православието, тогаш има два начини да се реши овој проблем.

Првиот е да го праша својот надлежен владика, кој денеска во Дебарца сослужуваше со „предавиникот“ владика, зошто сослужувал.

Вторниот начин е кога ќе го сретне да му каже дека и тој, заедно со „предавникот“ е во прелест и, ако држи до своите принципи за чувар на православието, да му каже дека повеќе не може да биде во негово дрштво и да ја напушти епархијата.

Сепако постои и трет начин. Владиакта, неговиот надлежен митрополит, да ја спороведе сопствената одлука, со која забрани пишувања по социјалните мрежи, особено коментари против претставници на црквата.

Како и да се реши, проблемот треба да има решение…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img