Архиепископот Стефан пристигна во Париз во црквата „Св. Кирил и Методиј“. Во Париз со него отпатувал и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф.

Двајцата владици на МПЦ-ОА, заедно со домаќинот митрополитот Пимен утре ќе служат литургија, на која ќе биде осветен новиот иконостас на црквата.
Гостин на литургијата е најавен и владиката Јустин од СПЦ.

