Почетна Вести Бугарија целнсно ја забранува бурката на јавни места?
Бугарија целнсно ја забранува бурката на јавни места?

Бугарија целнсно ја забранува бурката на јавни места?

617
0

Одлуките за целосна забрана за носење бурки на јавни места се шират секојдневно во сите општини во Бугарија. Откако Парзаџик беше првиот град кој донесе таква одлука, а која од денеска и официјано стапи на сила, локалните власти во Бугарија се охрабрија и секојдневно во општинските совети доаѓаат иницијативи за реализација на такво решение.

burka sofijaБургас е следниот голем град во кој се поизвесно е дека ќе биде изгласана одлука за целосна забрана за носење на бурка на јавни места.

Паралелно пак во бугарското собрание веќе во прва фаза помина предлогот за таква забрана на ниво на цела Бугарија.

Едногласно со 13 гласа „ЗА“ и во отсуство на пратениците од ДПС (партијата на Турците) комисијата за регионална политика го прифати првото читање на забраната за покривање на лицето.

Забраната ја поддржаа и пратениците на ГЕРБ и БСП, но со најави дека таа во второ читање ќе претрпи одредени измени.

Инаку, на првиот ден од официјалното стартување на забраната во Пазарџик не е регистрирано лице кое носело бурка, за кое пак е предвидена казна од 300 лева, или 150 евра.

Предлозите за забрана за носење бурки на јавни места потекнуваат од „Патриотскиот фронт“ на Бугарија, во кој членуваат ВМРО на Каракачанов и АТАКА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *