Центарот на православието Охрид полн со туристи . Веста за Христовото раѓање ја дочекаа голем број на домашни гости но и оние од соседството. Црковните храмови се преполни со верници кои овој празник кој го сплотува семејството го чествуваат со почит и внимание. Свештените лица сметаат дека со добра стратегија и соработка за развој на верскиот туризам може да се придонесе градот да прерасне во место за поклонение каде ќе доаѓа се повеќе народ .
Гостите воодушевени од убавините на градот и бројните понуди.
Главниот туристички центар за продолжениот празничен викенд со бројните настани ги привлекува гостите .
Инаку хотелиерите и угостителите поголем прилив на гости очекуваат за Стара Нова година и големиот верски празник Водици.
