Почетна Вести Христијанство Архиепископот Стефан испрати писмо во Вселенскиот Патријарх и му посака лесно закрепнување
Архиепископот Стефан испрати писмо во Вселенскиот Патријарх и му посака лесно закрепнување

Архиепископот Стефан испрати писмо во Вселенскиот Патријарх и му посака лесно закрепнување

370
0

Архиепископт г.г Стефан му посака брзо закрепнување на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој е позитивен на Ковид 19.

Во писмото испратено од г.г. Стефан повикува на молитва за здравјето на Патријархот Вартоломеј.

-Со особена загриженост ја примивме веста што Мајката Црква ја соопшти – дека по редовниот медицински преглед, кај Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј е дијагностицирана инфекција од Ковид 19, со лесна симптоматија. Изразуваме благопожелби за брзо закрепнување и за враќање на редовните задолженија на Неговата Сесветост, кој за сето време на својата архипастирска служба е на будна стража за доброто и за преуспевањето на Православието, ревнувајќи за зачувување на канонскиот поредок на Православната Црква. Ја повикуваме полнотата на нашата Помесна Црква, свештенството и верниот народ, да ни се придружат во молитвата за здравје и брзо опоравување на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. Вартоломеј, пишува во писмото, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *