Андоновски: Кога ќе се описмениш е многу опасно

Date:

Share post:

Смислата на книжевноста е темата на новата епизода од поткатстот Смисла, со отец Бобан и сестра Ефимија.

За катарзата и конзервативната авангарда. Зошто воопшто читаме во свет кој брза и заборава? Дали книгата е само хартија со мастило или огледало во кое се плашиме да погледнеме? ​

Ова се само дел од дилемите и прашањата на кои разговараат отец Бобан и сестра Ефимија, со еден од најзначајните македонски писатели и мислители, проф. д-р Венко Андоновски.

Со него ја дешифрираат моќта на пишаниот збор и неговото влијание врз човечкиот разум и морал. ​

Дали читањето е чин на забава или суштинска потреба за опстанок на духот? ​Како големите класици ги предвидоа нашите денешни внатрешни кризи? Што претставува конзервативната авангарда и зошто овој концепт ни е потребен за да ги зачуваме вредностите во модерното време? ​Разговор кој не нуди само одговори, туку отвора нови прашања за смислата на постоењето низ страниците на вечните дела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img