Партијарх на Александрија и на цела Африка Теодор II, му одговорил на писмото од Српскиот Патријарх Порфириј, во кое тој бараше светските верски лидери да се заложат за слободата на Митрополитот од Киев од УПЦ – МП.
Александрискиот патријарх во одговорот го прашува Српскиот патријарх дали ја дели истата грижа и за упадите што руската црква ги прави на јуриздикцијата на Александриската црква, воедно го прашува и зошто не го посочува агресорот во Украина, кој е главната причина за страдањата на православниот народ во оваа држава.
-Веднаш ќе одговориме дека се приклучуваме безрезервно во одбраната на човековите права на секој сочовек, доколку тој ги почитува и ги исполнува законите што се востановени во неговата земја, како и правата на своите сограѓани. Сепак со благодерзновение ќе ја изложиме на Вашата љубов нашата до болка загриженост, која произлегува од читањето на Вашето писмо. Ваше Блаженство, пишувате буквално: „Во времиња на големи, тешки и опасни историски промени, како што е времето во кое живееме денес, должност е на секој човек кој бара правда – независно од религиозна припадност, националност, идеолошка или политичка ориентација – да ги нагласува неправдите што се извршуваат на сметка на поединци и нивните основни човекови права“, стои во одговорот на писмото.
Патријархот Теодор вели дека Патријаршија на Александрија одамна е измачувана од познатиот случај на противканонски упад на Црквата на Русија внатре во границите на нашата Патријаршиска јуриздикција, посочувајќи дека „Патријаршијата на Москва и нејзиниот сегашен Претстојател самоволно и самоиницијативно изреагираа на црковната Пракса на свештеноканонските востановенија (нешта) од вековите, односно на доделуваењето на автокефалноста на Најсветата Црква на Украина од страна на Вселенската Патријаршија, поради што ограбувачки и дрско упаднаа во границите на географски пастирската и духовна наша јуриздикција во Африка како „лути волци кои не го штедат стадото“ (Дела 20,29) со цел да ја внесат проклетата поделба на нашата Христоименита паства, труејќи ги духовно ранливите души на стотици илјади новопросветлени наши Африкански чеда, кои до смрт, со децении, Грците мисионери ги благословуваа преку во Христа преродувањето, утешението и општото унапредување, како што некогаш се случи и со во Христа просвештението на Словените и Русите, нашите браќа во текот на изминатите векови“.
-Во времиња кризни за човештвото и за христијанскиот свет – како што и Вие јасно спомнувате, осврнувајќи се на Вашето Писмо за Украина „којашто се има завиткано во пламен“, како што пишувате, но не го именувате причинителот на оваа инвазија врз еден истоверен народ – православните наши браќа Руси свесно го раскинуваат неракотворниот хитон на Архипастирот Христос, возвраќајќи оцет и жолчка кон Второпрестолната Црква на Александрија, Којашто „како квачка што ги собира пилињата свои под крилјата“ (Матеј 23, 37), ѝ направи своевремено добрина на Црквата на Русија преку признавањето на нејзиниот автокефален статус. Пред ваквата целосно неправедна, небратска, антицрковна и антиканонска пракса, со жал забележуваме дека Вашата љубов не покажува ваква чувствителност, како во случајот со Високопреосветениот брат од Патријаршијата на Москва, Митрополитот Вишгородски г. Павле, громогласно премолчувајќи, и покрај постојаните повици од страна на нашата Смиреност коишто се однесуваат не само на една личност, но и на илјадниците православни Африканци. Сигурни сме дека се согласувате, како Вие лично заедно со Вашиот Свештен Синод, така и сите Чесни Претстојатели на помесните Автокефални Цркви, дека ниедна Синодска Одлука за Автокефалија на Црква не ѝ дава право на друга Афтокефална Црква да ги погази непроменливите Свештени Канони, правејќи упад во одредена јурисдикција. Кое слово го наложува тоа неправедно и, пред Градителот на Црквата Господ и историјата, за осуда премолчување за упадот во нашиот Древен Патријаршиски Престол?, стои во писмото одговор на Александрискиот до Српскиот Патријарх.
-Блаженејши, „Да стоиме добро“, но и „да стоиме праведно“! Го поставуваме Вашето пријателство на нашето Блаженство и на помесните Православни Цркви пред нивните одговорности, очекувајќи од Ваша страна и од страна на Нивното братољубие, покажување на ваква чувствителност, како што лично покажувате за братот и наш сослужител, Високопреосветениот г. Павле. Особено почитувајќи ја чувствителноста на Вашата патријаршиска совест кон Богодаденото начело на Правдата, очекуваме од Ваша страна итна смела осуда на ваквите неканонски и страни дејствувања, топло молејќи се ваквите антихристијански и антицрковни дејствија на браќата од Северот, со драматични последици сеправославно, да не чукнат утре и на Вашите порти заради незамисливи причини, му напишал Патријархот Теодор на Патријархот Порфириј.


Шта он има да одговара коме. До само месец дана пре него што је истамбулски Патријарх Вартоломеј направио преседан и расколнике у Украјини, који немају чак ни основно – валидне хиротоније, признао за Цркву (sic!), александријски Патријарх, у свој слави својој, походио је Русију и заклињао се да никада неће признати расколнике! Наравно, неколико месеци по повратку из Русије погазио је своје речи и признао одлуке истамбулског Патријарха. Када је прихватио разбојнички упад Цариграда на територију Руске Цркве, онда се сетио да је упад Руске Цркве на његову канонску територију разбојништво. Quo vadis Теодоре?