
1.65K
3
Голем број верници беа дел од Светата Архиерејска литургија, што за Илинден, на 2 Август, во храмот „Св. Николај Мирликијски”, во Крушево, ја служеа поранешните владици на ПОА, сега дел од МПЦ-ОА.
Со литургијата чининачалствуваше Епископот делчевско-каменички Марко во сослужение на Епископот дремвитски Давид, а молитвено присустваше и Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован.
По завршувањето на Литургијата, поменот, за сите оние кои ги дале животите за слобода на татковината, го отслужи Епископот дремвитски Давид.
Епископите Марко и Давид присуствуваа и на државната прослава на Илинден на Мечкин Камен.
Eee, ako i od niv Bog ja prima molitvama togaš i so nego nešto ne e vo red.
Вечна Слава во Царството Божјо на сите што ја положиле душата своја за слободата на нашата Татковина Македонија. Бог да ги благослови сите коишто ги благословуваат и се молат за покој на нивните души. Ние, Македонците, имаме голема чест и величествен благослов да живееме под покровот на Св. Пророк Илија и да го градиме својот земен дом, нашата многустрадална Татковина, но и нашиот небесен дом во Царството на Пресвета Троица имајќи го пред очи неговиот неверојатен и блескав подвиг. Така како што големиот испосник и тихувател Илија возмогна да ги погуби лажните Ваалови пророци, жреците на немилосрдната Језавела, и со незапамтена, горостасна сила да го прослави Името Божјо, оставајќи двојно поблагодатен наследник зад себе во лицето на Пророкот Елисеј, должни сме и самите да се вградиме во Вистината како неотстапни сведоци Божји и соучесници во поразувањето на антихристот сега и во денот кога Илија повторно ќе дојде за да го доврши својот чудесен подвиг на земјата. Се разбира, неопходно е во се’ да се вподобиме на Илија за да се вброиме меѓу неговите сопатници.
Vladicite na POA služele liturgija na Ilinden vo Kruševo-cirkus ne viden, da se krsti čovek i so desna i so leva.