Почетна Вести АЛБАНСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА: Соборот не може да биде откажан
АЛБАНСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА: Соборот не може да  биде откажан

АЛБАНСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА: Соборот не може да биде откажан

168
0

Atanasij Arhiepiskop albanskiАлбанската православна црква застана зад Вселенската патријаршија, подржувајќи го Патријархот Вартоломеј во напорите да се одржи Сеправославниот Собор закажан за 16 јуни на Крит.

Синодот на АПЦ, ги повикува сите православни цркви да учествуваат на закажаниот собор и на тој начин да го демонстрираат единството на Православната црква кое е доведено во прашање.

Синодот на Албанската православна црква, тврди дека не постои начин како да се одложи Соборот, бидејќи неговото закажување е донесено со консензус и само така може да се промени одлуката.

– Свикувањето на Соборот беше одлучено на двете последни средби на Поглаварите на помесните Православни Цркви во Цариград во 2014 година и во Шамбези, Женева, во 2016 година. Одлуката во Цариград не беше потпишан од една Црква, но и покрај тоа големо мнозинство го усвои. Истото се случи и на средбата во 2016 година во Женева. Повлекувањето на конституирањето на Светиот и Велики Собор не може да се случи без ново решение на органот кој тоа го решил. Неговото одржување не може да се спречи во последен момент со изјави и пораки од различни места, пишува во соопштението на Албанската православна црква.

Владиците на АПЦ сметаат дека има многу проблеми во Православието, но дека тие можат да се решаваат само на вакви Собори и според нив крајно време е тие проблеми да почнат да се решаваат.

-Очигледно е дека постоечките проблеми се големи. Токму за тоа и спроведувањето на Светиот и Велики Собор е неопходно. Не е можно се да биде решено. Но, нека се решат барем некои од проблемите. Да се помолиме разгледувањето на останатите прашања да се оствари на еден следен Собор. Одложувањето на планираниот Свети и Велики Собор ќе му наштети на Православието низ целиот свет и ќе го наруши меѓународниот авторитетот на Православието, стои во соопштението на Албанската црква.

Таа го повикува и Сеправославниот Секретаријат на Соборот, да ги вложи сите можни напори за учество на сите членови на Соборот во свечената Литургија за отворањето на Соборот на Педесетница и на Вечерна на Св. Дух, оценувајќи дека тоа е во интерес на еден од фундаметалните симболи на единството.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *