Почетна Вести Албанија ќе прогласи 38 маченици од комунизмот за блажени
Албанија ќе прогласи 38 маченици од комунизмот за блажени

Албанија ќе прогласи 38 маченици од комунизмот за блажени

105
0

Католичката црква во Албанија ќе прогласи 38 католици за блажени на 5 ноември 2016 година во Скадар. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на мрачниот период на атеистичкиот комунизам.

katolici-maceЧинот ќе биде извршен Во Скадар каде ќе се одржи обред за прогласување на блажени, а ќе го предводи Папскиот претставник кардинал Анџело Амато префект на Конгрегацијата за прогласување на светци.

Меѓу 38 албански маченици кои ќе бидат прогласени за блажени е и последниот надбискуп на Драч Винценц Прендуши. Бил обвинет дека е непријател на народот, реакционер, ватикански шпион, а осуден на дваесет години затвор каде бил мачен, исмејуван и понижуван на разни начини се до неговата смрт.

Албанската епископска конференција за настанот испрати отворено писмо до сите верници, опишувајќи ја целта и причините за прогласувањето на овие светци. Во него стои дека Комунизмот во Албанија предизвикал посебна омраза кон католиците

-Комунизмот речиси половина век ја угнетуваше Албанија,а посебно омраза искажуваше кон католиците. Албанската земја е натопена со крвта на мачениците, а ние денес се веселиме. Црквата на 5 ноември за блажени ќе прогласи 38 маченици убиени во тој мрачен период. Сите биле свештеници или клерици освен четворица лаици: девојчето Марија Туци која на суров начин е убиена затоа што била кандидатка за Дружбата на сестрите на светите стигми (Стигматини) и вероучителка и тројца мажи: Ќерим Садику, Гјелош Лулаш и Фран Миракај, стои во писмото на албанските католички епископат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *