Толку го сакам, што душа ме боли кога коленичи

Date:

Share post:

МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА НЕМА ЗА ШТО ДА СЕ КАЕ!

Пишува: Петар Богојески  

По повод обраќањето на нашиот митрополит Петар на погребот на Иринеј Буловиќ во Нови Сад, во кое изрази благодарност за строгоста кон МПЦ-ОА и зборуваше за нашето покајание, реагирам со длабоко разочарување.

ТОЛКУ ГО САКАМ ДЕДО ПЕТАР што душа ме боли кога го гледам како коленичи пред сатрапите на македонската чест и достоинство на МПЦ-ОА!

Дедо, ти простувам зашто си во години, а оставам на Бога да ти суди за престапите кон нас, чедата на МПЦ-ОА и етничките Македонци, кои постојано не понижувате при вашите коленички средби со СПЦ.

Ние не сме ниту неразумни, ниту расколници! Иринеј не беше во право што со децении ја оспоруваше нашата црковна самостојност. Наместо тој да се покае за неправдата кон македонскиот православен народ, вие зборувате за наше покајание?!

За што да се каеме, дедо Петар?

За тоа што сме Македонци?

За тоа што сме ја возобновиле нашата Охридска Архиепископија?

За тоа што сме прогласиле автокефалност во 1967 година?

Македонската автокефалност не е милостина од Белград, туку наше историско и црковно право! Пред Бога коленичиме, пред никого друг!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img