Архимандрит Никодим Петре избран за нов епископ на Балци

Date:

Share post:

Светиот синод на Романската православна црква го избра архимандритот Никодим Петре за епископ на Балци. Тој досега беше игумен на манастирот Буциум и епархиски советник за мисија, статистика и пастирско планирање во Архиепископијата Јаши.

Петре има 58 години, а монашки потстриг примил во 2000 година во манастирот Путна. Во својата досегашна служба особено се посветил на мисијата со младите, организирајќи меѓународни православни младински средби, кампови и катихетски програми.

Неговото пастирско искуство вклучува и работа со романската православна заедница во Обединетите Арапски Емирати, каде што служел од 2007 до 2014 година, како и со православните заедници во Танзанија.

За игумен на манастирот Буциум во Јаши бил назначен во 2018 година. Таму раководел со обновата на манастирскиот храм, изградбата на образовен центар за млади и организирањето активности за деца и млади.

За епископската служба беше предложен од Синодот на Митрополијата Бесарабија, заедно со архимандритот Дософтеи Диџмареску.

Датумот на неговото востоличување дополнително ќе биде објавен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img